Најстудено утрово во Берово, -11 степени, температури под нула насекаде во државата

Во Берово утрово се измерени -11 степени и насекаде во државата темепературите се под нула.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека -8 степени се измерени во Крива Паланка, -7 во Струмица, -6 во Куманово, Штип, Скопје - Петровец, Демир Капија и Битола, -5 степени во Лазарополе, Тетово, Велес, Кавадарци и Прилеп, -4 Скопје - Зајчев Рид, Попова Шапка, Крушево и Виница, -2 во Гевгелија и -1 степен во Претор и Охрид.
Според прогнозата на УХМР, преку денот времето ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјата ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени.
Во Скопје сончево и постудено, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 6 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Може ли најсиромашните да бидат поштедени од поскапувањето на струјата и парното?
-

Клековски го осуди нападот врз екипата на Брза помош и рече дека невозможно е да има секаде физичко обезбедување
-

СДСМ поднесе иницијатива за итна собраниска седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот за 2027 ќе донесе економски раст
-

Битиќи: Власта не ги прифаќа нашите амандмани
-

Левица со предлог измени на Законот за урбанистичко планирање
-

Докторите бараат обезбедување
-

Секој втор Македонец пуши цигари
