Најстудено во Крушево, најмногу дожд во Охрид

Утрово најниска температура од 2 степени Целзиусови е измерена во Крушево. Следат Берово и Маврови Анови со 5 степени, 6 во Крива Паланка и Лазарополе, 7 Прилеп, Битола, Тетово, 8 Скопје–Петровец, Претор, 9 Кавадарци, Велес Виница, Штип, 10 Куманово, Скопје–Зајчев Рид и 11 степени во Гевгелија и во Струмица, соопшти УХМР.
Согласно количината на врнежи измерени во изминатите 24 часа заклучно до утрово 7 часот најмногу дожд наврнал во Охрид. Според мерењата во Охрид до 19 часот синоќа наврнале 34 литри на метар квадратен.
Сметано од утрово, 25 л/м2 наврнале во Гевгелија, 17 во Пожар-Радовиш, Претор, 14 Крушево, 13 Штип, 11 Струмица, 10 Берово, 9 Битола, Виница, 7 Велес, 6 Крива Паланка, 5 Тетово, Кавадарци, Лазарополе, Пожаране, Попова Шапка, 4 Прилеп, Куманово, Тополчани, 3 Маврови Анови, 2 Ѓуриште и 1 л/м2 во Скопје-Зајчев Рид и во Скопје кај Петровец.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево со одлична динамика
-

Јавна дискусија на законот за трансплантација во Велес
-

Преглед на вестите од светот
-

Мистериозна бела пена во Вардар: Дрон и инспектори во потрага по загадувачот
-

Тема на денот со Марија Андоновска директорка на Институтот за јавно здравје
-

Комисија за заразни болести - по црвените инфекции може да се појави и жолтица во Гостивар
-

АХВ ја укина забраната, водата во Валандово е повторно безбедна за пиење
-

Пет години за спас на Охридскиот регион - УНЕСКО го одложи впишувањето на листата во опасност
