Најстудено во Маврови Анови -1, најмногу дожд во Струмица 50 литри на квадрат

Утрово најниска температура од -1 степен Целзиусов е измерена во Маврови Анови. Следат Лазарополе, каде се измерени 0 степени, 1 во Крива Паланка и Крушево, 2 во Тетово, Куманово, Штип и Виница, 3 во Велес и Прилеп, 4 во Скопје-Петровец, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, Битола и 5 степени во Гевгелија, Охрид, Берово и Претор, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Изминатите 24 часа заклучно до 7 часот утрово најмногу дожд наврнал во Струмица, 50 литри на метар квадратен. Во Пожар 34 литри на метар квадратен, 25 во Гевгелија, 21 во Демир Капија, 20 во Битола и Штип, 19 во Крива Паланка и Попова Шапка, 18 во Берово, 16 во Претор и Пожаране, 15 во Виница и Крушево, 14 во Маврови Анови и Тетово, 13 во Лазарополе, 10 во Тополчани, 6 во Скопје-Петровец, Кавадарци и Прилеп, како и 4 литри на метар квадратен во Велес и Куманово.
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови,над 35 литри на метар квадратен. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
-

Мицкоски: Владата ќе интервенира со дополнителни мерки, една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата
-

Општина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невреме
