-->
-->
Најтешката жена во светот за прв пат ја напушти куќата - Нејзината тежина ќе ве шокира
-->

Еман е од Египет. Има 36 години, а веќе 25 не излегла од својот дом затоа што нејзината тежина е речиси половина тон. Се до вчера.
Оваа жена боледува од елефантијаза, болест која се јавува без симптоми, а предизвикува отекување на екстремитетите, кожата... е јавува поради проблеми со лимфната циркулација и многу тешко се лекува.
Токму поради оваа болест Еман веќе четвртина век не ја напушта куќата, а за креветот останала „закован“ откако пред неколку години добила мозочен удар. Подоцна и се развил дијабетис, висок крвен притисок, а веројатно и белодробна емболија.

Со толку многу болести, Еман не можела уште долго да живее. Затоа лекарите од Мумбаи се согласиле да ја оперираат. Собрани се средства за операцијата и Еман вчера била пренесена во болница.
Сепак, целата операција на транспортирање, во најмала рака, била многу комплицирана.
За почеток, за превоз на оваа жена неопходен бил авион. Откако нашле авион се појавил нов проблем, како да ја транспортираат до авионот?
Дигалка била единствено решение. Но, транспортот на една жена која боледува од белодробна емболија морал да биде многу бавен, за Еман безбедно да стигне до авионот.
По организирање на транспортот, кој траел со часови, Еман вчера стигнала во индија.
Се очекува операција на желудникот, по која Еман би требало да почне да слабее и да ги симне 495 килограми, кои ги има сега.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Министерството за култура: Споменот на Владо Јаневски ќе живее преку неговите песни
-

Жештината одзема животи, илјадници без струја - стариот Континент сè уште ,,гори"
-

Влијателните ирански свештеници бараат Техеран да ги прекине преговорите со САД
-

„Златни денови“ Кратово со богата музичка програма на 3 и 4 јули – два дена забава за сите генерации
-

58 санкции за возачи во акциска контрола во Битола
-

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на автопатот Куманово – Велес
-

Почина режисерот Сашо Миленковски
-

СП 2026: Канада прв осминафиналист
