-->
-->
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната
-->
Најмалку три лица загинаа во руски напад врз вториот по големина украински град Харков, и според градоначалникот Ихор Терехов, тоа бил најтежок напад од почетокот на војната, со речиси 60 експлозии што одекнале во градот за час и половина.
Тој додаде дека е регистрирана и штета на 18 станбени згради и 13 приватни куќи. Терехов рече дека 17 лица се повредени во нападот.
Во тек е брутален руски напад врз Харков.Во изминатите четири часа, градот Харков е под најтешкиот напад од почетокот на војната. Русите испукуваат наведувани бомби, ракети и беспилотни летала врз станбени области низ целиот град. Регистрирани се најмалку 60 експлозии, а луѓе се заробени под урнатините на неколку локации, јавија украинските медиуми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот