Намален бројот на одобренија за градба

Во јули 2026 година се издадени 367 одобренија за градење, што е за 8.5 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 995 108 илјади денари, што е за 74.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Намалената вредност се должи на фактот дека во референтниот период минатата година е издадено одобрение за градба за ветерен парк (за производство на електрична енергија од обновливи извори) во општините Штип, Радовиш и Карбинци.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 227 (61.9 %) се наменети за објекти од високоградба, 39 (10.6%) за објекти од нискоградба и 101 (27.5 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 367 објекти, на 209 (56.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 158 (43.1 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 248 станови со вкупна корисна површина од 100 440 м2.
МИА
Ново на Сител
-

Намален бројот на одобренија за градба
-

Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител
-

Активни два пожара, четири се под контрола, а 25 изгаснати
-

Дваесет и пет години од најголемиот терористички напад врз САД на 11 септември
-

Опозицијата ќе поставува прашања на премиерот и на министрите
-

Трамп: Не се каам за војната со Иран и не верувам во зборот „каење“
-

Холандски автобус со 48 лица се преврте во Швајцарија, има загинати и повредени
-

Изборите во Србија на 25 октомври ќе бидат најтешката битка во политичката кариера на националистот Вучиќ
