Наместо од психолог и пријатели – младите му се доверуваат на AI и бараат помош и совети од чет-ботови

Вештачката интелигенција сè почесто станува место каде младите ги споделуваат своите проблеми, стравови и емоции. Ново истражување објавено во JAMA Pediatrics. покажува дека дел од младите наместо со блиски луѓе или професионалци, совет и поддршка бараат од AI чет-ботови.
Истражувањето спроведено во САД во ноември 2025 година опфатило повеќе од 1.000 млади на возраст од 12 до 21 година. Резултатите покажуваат дека 19,2 отсто од нив користеле AI чет-бот за совети поврзани со менталното здравје, што е значителен пораст во однос на 2024 година, кога процентот изнесувал 13,1 отсто.
Особено интересен е податокот дека 63,3 отсто од младите кои користеле AI за ваков вид советување не му кажале на никого дека го направиле тоа. Во исто време, 91,7 отсто од оние кои побарале совет од AI оцениле дека одговорите биле донекаде или многу корисни.
Истражувачите сметаат дека една од причините за ваквиот тренд е тоа што AI е достапен во секое време, а младите можат да разговараат без страв дека ќе бидат осудувани или дека ќе му создадат непријатност на некого.
Други истражувања исто така покажуваат дека дел од младите почнуваат да развиваат чувство на блискост со AI системите, особено кога ги користат за разговори поврзани со стрес, осаменост и лични проблеми.
Сепак, експертите предупредуваат дека AI не треба да се смета за замена за психолог, психотерапевт или друга професионална помош. Чет-ботовите можат да дадат информации и поддршка во разговор, но не можат да ја заменат проценката и грижата од квалификуван професионалец.
Трендот сепак покажува дека за дел од младите AI повеќе не е само алатка за учење или работа. Тој станува и соговорник на кој можат да му ги кажат своите најлични проблеми, што отвора нови прашања за начинот на кој технологијата ќе влијае врз односите, менталното здравје и секојдневниот живот на младите.
Ново на Сител
-

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
