Нападнат француски брод во Ормуската Теснина, има повредени

Француската бродска компанија „ЦМА ЦГМ“ (CMA CGM) соопшти дека еден од нејзините бродови, „Сан Антонио“, бил нападнат при преминување низ Ормуската Теснина, при што се повредени членови на екипажот и е предизвикана материјална штета.
Компанијата наведе дека инцидентот се случил вчера, додавајќи дека повредените морнари се евакуирани и им се укажува медицинска помош, без да соопшти дополнителни детали за нивната состојба.
Според податоците за пловидба, бродот „Сан Антонио“, кој плови под знамето на Малта, бил на пат кон пристаништето Мундра во Индија.
Од „ЦМА ЦГМ“ потсетуваат дека минатиот месец уште еден нивен брод беше цел на предупредувачки истрели во Ормуската Теснина, но тогаш немаше повредени меѓу екипажот.
Компанијата, која е трета по големина контејнерска бродска линија во светот, претходно наведе дека 14 нејзини бродови биле блокирани во Персискиот Залив од почетокот на војната меѓу САД и Израел против Иран. Еден од тие бродови, „ЦМА ЦГМ Криби“, ја напушти Ормуската Теснина на почетокот на април.
Ново на Сител
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
-

АХВ продолжува со вонредните инспекциски контроли на зелените пазари - запленети уште 5 тони небезбедна храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски најави 8 денари помош за килограм откупена арпа
-

Премиерот Мицкоски очекува убедлива победа во вториот круг во Брвеница
