НАСА ги објави првите фотографии од новата мисија на Марс, направени на 885.240 км од Земјата

Околу една недела по лансирањето, мисијата „Ескапејд“ (‘ESCAPADE’ – Escape and Plasma Acceleration and Dynamics Explorers) на НАСА веќе ги направи своите први слики – пар автопортрети коишто прикажуваат дел од вселенските летала, познати како „близнаци-истражувачи“, додека се оддалечуваат од Земјата.
На 21 ноември, едно од двете вселенски летала „Ескапејд“ ги користеше своите камери „ВИСИОНС“ за видливи и инфрацрвени набљудувања, обезбедени од американскиот Универзитет Северна Аризона, за да ги сними овие слики, прикажувајќи дел од сончевиот систем на вселенското летало. Фотографиите докажуваат дека камерите работат добро. Сликата од видливата светлина, исто така, посочува дека вселенското летало треба да има чувствителност за да ги сними марсовските аурори од орбитата.
Инфрацрвената камера ќе се користи на Марс за подобро да се разбере како материјалите на површината се загреваат и ладат за време на циклусот ден – ноќ на Марс и годишните времиња.
Сликите се направени од растојание од околу 885.240 километри од Земјата. На тој начин, и „Ескапејд“ успешно ги сними своите први слики, но насочено кон длабоката Вселена, па сликите беа, едноставно – црни.
Сликата лево го прикажува погледот од сензорот за видлива светлина, додека сликата десно е направена со инфрацрвениот сензор, покажувајќи кои делови од системската структура се потопли, а кои се поладни.
И двете вселенски летала „Ескапејд“, изградени од „Рокет лаб“ (Rocket Lab) се главно наменети за идната мисија на Марс. Беа лансирани на 13 ноември на ракетата „Њу Глен“ на „Блу ориџин“ од вселенската станица Кејп Канаверал во Флорида.
Пред да се упатат кон Марс, двете вселенски летала некое време ќе бидат во близина на Земјата – околу местото наречено Лагранж Поинт 2. Во ноември 2026 година, леталата треба да се вратат на Земјата за да ја искористат гравитацијата на нашата планета за да се упатат кон Марс. Откако ќе стигнат до Марс, тие ќе треба да проучат како протокот на материи, што доаѓаат од Сонцето, се однесуваат со подрачјето околу Марс и губењето на атмосферата на „Црвената планета“. Тие ќе пристигнат на Црвената планета во септември 2027 година.
МИА
Ново на Сител
-

Директорот на полицијата на Србија потврди дека се урнал полициски хеликоптер
-

Путин се сомнева дека дронот што се урна во Романија бил руски и предложи Москва да спроведе експертиза на остатоците
-

Трамп: Наскоро конечна одлука за договорот со Иран
-

Захарова ѝ се закани на Романија со „соодветни мерки“ поради одлуката за затворање на рускиот генерален конзулат
-

Романија го затвора рускиот конзулат и го протерува конзулот
-

Утре сончево, од недела услови за пороен дожд и грмежи
-

Министерство за правда: Постапката за екстрадиција на Груевски продолжува
-

Приведени две лица во тетовско по пријава за сексуално насилство врз малолетничка
