Насилството врз жените и родовата еднаквост во фокусот на средбата Пешевска – Аким Али

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска, денеска, оствари средба со д-р Аким Али, претставник на СЗО во Република Северна Македонија, на која се разговараше за продолжување на соработката во борбата против насилството врз жените и девојчињата и за јакнење на институционалниот одговор.
Во разговорот, информираат од собраниската прес-служба, беше истакната важната улога на Комисијата, која има одржано надзорна расправа, вклучително и јавни расправи посветени на насилството врз жените и спроведувањето и измените во Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Беше нагласена и потребата од континуитет во институционалниот одговор и следењето на имплементацијата на законските обврски.
Разговараa и за пошироките аспекти на родовата еднаквост и социјалната правда, вклучително и за предизвиците со кои се соочуваат жените во различни сфери од општеството, во политиката, економијата, здравствените услуги и секојдневниот живот, како и за важноста од политики што ги препознаваат различните форми на нееднаквост и ранливост. Како пример беше посочено и прашањето за породилното отсуство за жените во земјоделството, како значајна димензија на здравствена и социјална еднаквост.
Соговорниците се согласија дека за справување со насилството врз жените е потребен интегриран и координиран пристап, со силна меѓусекторска соработка и активна улога на здравствениот систем. Беше нагласено дека здравствените услуги често се првата точка на контакт за жените кои доживуваат насилство, поради што е важно здравствените работници навремено да ги препознаат знаците и да обезбедат соодветна поддршка и упатување.
На средбата беше потенцирана и важноста насилството врз жените соодветно да биде препознаено во здравствената регулатива и стратешките документи.
Комисијата за еднакви можности на жените и мажите останува посветена на унапредување на политиките и законските решенија што придонесуваат за поголема заштита, еднаквост и достоинство за сите жени. Светската здравствена организација продолжува да работи со институциите и со партнерите од Обединетите нации за зајакнување на координираниот одговор, со цел секоја жена без разлика каде живее да може да смета на систем кој ќе ја препознае, заштити и поддржи.
МИА
Ново на Сител
-

СП 2026: Мбапе со гол од пенал ја однесе Франција во четвртфинале
-

55 санкции за возачи на мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети - шест лица уапсени за “безобѕирно управување”
-

Македонските каратисти со 58 медали и прво место на ЕТКФ Европскиот куп за деца во Софија
-

Биланс на двата земјотреса во Венецуела: Речиси 3.000 мртви и над 16.500 повредени, 50.000 лица се водат за исчезнати
-

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола
-

Возобновеното полициско училиште ќе прими 200 ученици, од МВР очекуваат силна конкуренција за првата генерација во „7 Мај“
-

Трамп во говорот на 250-годишнината од независноста на САД: Оваа земја е дом на слободата
-

Објавена нова листа на најмоќни пасоши во светот: Македонија на 78-место
