НАТО одобри вселенски центар во Германија
Оваа недела се очекува договор на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО за изградба на вселенски центар во југозападна Германија, поради загриженоста за, како што смета западниот воен сојуз, сè поагресивното однесување на Русија и Кина.
Во пресрет на дводневниот состанок, кој започнува денеска, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг рече дека новиот вселенски центар ќе биде поставен во Рамштајн, воздушна база во близина на француската граница, за дополнително да се олеснат сателитските и воените комуникации за време на операциите на Северноатлантскиот сојуз низ целиот свет.
– НАТО продолжува да се прилагодува во сите области, вклучително и во вселената, која секоја година станува се повеќе зафатена. Некои земји, пред се Русија и Кина, развиваат системи што можат да ги заслепат, оневозможат или срушат сателитите во орбитата, предупреди Столтенберг.
Околу Земјата кружат околу 2.000 сателити, од кои повеќе од половина се контролирани од членки на НАТО, а системот за сателитска комуникација обезбедува скоро сè – од услуги за мобилна телефонија до временска прогноза.
Во моментов, околу 40 проценти од комуникациите на НАТО се одвиваат преку сателит, се наведува во извештајот на Радио Слободна Европа.
– Вселената е клучна за нашата способност за навигација, комуникација, откривање на лансирани ракети и брзите, а ефикасни и безбедни сателитски врски се од витално значење за нашите војници, рече Столтенберг.
Тој истакна дека целта на сојузниците не е „милитаризација на просторот, туку да се подигне свеста во рамките на НАТО за предизвиците во вселената и заедничката способност да се справат со нив“.
Во декември, членките на Северноатлантската алијанса ја препознаа вселената како петти домен на операции што мора да се бранат исто толку ефикасно како воздушниот простор, копното, морето и кибер просторот.
Ново на Сител
-
Штипското Обвинителство ги испитува причините за несреќата на патот Штип-Радовиш, каде загинаа тројца странски работници
-
Случај Онкологија 2: Васев и Нухи не постапувале во интерес на пациентите, туку во свој личен и интерес на приватни компании
-
Трамп: Мора да се справиме со радикалните левичарски лудаци
-
Десницата и левицата и во ЕП поднесоа одвоени предлози за изгласување недоверба на Еврокомисијата
-
Во недела и понеделник променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-
Советот на Општина Кочани го поништи решението на в.д. градоначалникот за запирање на одлуката за формирање паралелки со помал број ученици
-
Мајка и ќерка се степале пред угостителски објект во Кавадарци
-
Мицкоски: Пожарите на депониите се подметнати-државата жестоко делува