НБ: Ефикасните и сигурни платни системи се олеснувачи на трговијата и паричните текови на земјите од Западен Балкан

Придобивките и предизвиците од пристапувањето на земјите од Јужна и Источна Европа во Единствената европска платежна област (СЕПА), беа тема на панел-дискусијата којашто се одржа во рамките на меѓународната конференција „Финансиските пазари на Црна Гора“, на која учествуваше самостојната советничка во Дирекцијата за платни системи, Биљана Доновска-Гечева, како претставничка на Народната банка.
На панел-дискусијата, Доновска-Гечева ја изнесе досегашната заложба на нашата земја за унапредувања во областа на платните системи со донесувањето на Законот за платежни услуги и платните системи, нагласувајќи дека е овозможена неговата практична примена, преку сет од 26 подзаконски акти, усвоени од Народната банка. Таа се осврна на значајноста на ефикасните и сигурни платни системи како олеснувачи на трговијата и паричните текови на земјите од Западен Балкан, истакнувајќи дека нивното интегрирање во СЕПА е од исклучително значење, имајќи го предвид можното намалување на трошоците и подобрената ефикасност на плаќањата на нивните платни системи. Оттука, беше нагласена потребата од истовремен одговор на предизвиците коишто ги носи поврзувањето со СЕПА и од постојано тежнеење кон засилување на досегашната успешна соработка на земјите од Западен Балкан, заради размена на искуства при обезбедувањето еквивалентни технички стандарди на платните системи, во согласност со стандардите примени во СЕПА, како заедничко комуницирање и пристапување кон релевантни европски институции.
На Конференцијата одржана во Подгорица, Црна Гора, посветена на пазарот на капитал, микроекономското опкружување и на плаќањата, учествуваа повеќе од 360 експерти од 15 различни земји.
Народна банка
Ново на Сител
-

Јута прогласи вонредна состојба поради шумските пожари и воведе ограничувања за огномети | ВИДЕО
-

Тошковски: Од првиот ден ja презедовме обврската безбедноста да биде највисок приоритет
-

СП 2026: Белгија го победи Нов Зеланд и се пласираше во плејофот како победник во групата
-

СП2026: Франција ја освои групата, Сенегал остана во игра за нокаут фазата
-

Усик се откажа од сите шампионски појаси, но не ја завршува кариерата
-

Трамп најави американски одговор по иранскиот напад врз трговски брод, американската војска потврди напади врз Иран
-

Зеленски: Украина е подготвена за преговори, но Русија мора да го направи првиот чекор кон мирот
-

Завршија општите претреси на предлог-законите од 106. седница, гласањето ќе биде дополнително закажано
