Loading Video...
Кошарка
6. March 2018 - 9:41
НБА: Бостон пресилен за „биковите“
Кошаркарите на Бостон Селтикс ја продолжуваат трката за првото место во Источната конкуренција откако убедливо триумфираа во Чикаго со
105:89 без Кајри Ирвинг, кој поради болки во коленото го пропушти овој меч. Јунак на вечерта беше замената на Ирвинг, Браун, кој постигна 21 поен. Џејсон Тејтум запиша 14 поени, додека Ал Харфорд постигна 13 поени. На другата страна Валентајн имаше 20 поени.
-

Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
