Македонија
13. April 2026 - 12:19

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор

Продолжениот празничен викенд кој го наполна Охрид со туристи  повторно го отвори прашањето за недостигот на кадар во хотелско угостителскиот сектор .Угостителите персоналот го надополнуваат со сезонски работници од другите градови од земјава и средношколци бидејќи голем дел од обучениот стручен кадар заминува на работа надвор од нашата земја.

 Според добите познавачи од областа на туризмот стручното  образование игра важна улога во формирањето на квалитетен кадар кој  брзо може да се интегрира во работниот процес .

Иако платите во туристичкиот сектор пораснале, познавачите велат дека квалификуваните работници одамна заминале на работа во европските земји , а останатите ја чекаат летната сезона во Хрватска.