Македонија
11. September 2025 - 12:34

Недостига стручен кадар во земјава

Недостигот  на стручна работна сила сеуште проблем во земјава.Во автомобилската индустрија која веќе неколку години е во криза се бара кадар кој е поврзан со производствени активности оператори во производство, инжинери моментално има но секогаш се бараат и нови идни млади инжинери.

Виктор Мизо, претседател на Советот на странски инвеститори на Стопанската комора вели дека со воведување задолжителна пракса на технички науки идните млади инжинери ќе научат кои се можностите и видот на работа кој може да го работат.

Добрите познавачи посочуваат дека со воведувањето на напредните технологии треба да се  работи на привлекување кадар и да се  мотивираат младите да останат да работат во својата земја.