Неизвесно е дали ќе има раст на платите на здравствените работници
Дали предупредувачките протести за спас на јавното здравство и поголеми плати на медицинскиот кадар ќе продолжат, ќе зависи од ажурноста на пратениците и желбата на премиерот за средба со синдикатите.
Додека Министерството за здравство е без кормилар, вработените во клиниките и болниците незнаат дали ќе биде потпишан колективниот договор и ќе имаат ли поголеми месечни доходи како што им беше ветено.
Од Синдикатот на Клинички во понеделник повторно ќе заседаваат кои чекори ќе ги преземат, додека, пак, од самостојниот Синдикат за здравство при ССМ очекуваат наредната недела да бидат повикани во Влада. Но потврда од Илинденска за тоа нема.
Владата на Република Северна Македонија е отворена за разговор за сите теми што се од интерес на граѓаните вклучително и за барањата кои ги засегаат здравствените работници. Укажуваме дека е надминат проблемот со исплатата на плати за здравствените работници, а вратен е во функција и електронскиот систем на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија за што детално објаснување даде раководството на Фондот.За сите понатамошни чекори јавноста ќе биде информирана, кратко ни одговорија од Влада.
Има ли трпение кај здравствените работници и колку ќе чекаат за остварувањ ена нивните права.
„Очекуваме до крајот на неделата да биде избран министерот за здрвство и во понеделник повторно ќе имаме извршен на Синдикат, бидејќи во моментот ние немаме со кого да преговараме.. министер нема, а од Влада не игнорираат, вели Гордана Димеска од Синдикат на Клинички центар Скопје.
И додека чекаат некој да ги прими и слушне нивните барања, вработени во здравството велат дека во игра е и организирање на штрајк ако не добијат поголеми плати.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
