Нелегално оружје и муниција одземени од стружанец, за дел поседувал дозвола
Пиштол и 16 куршуми одзела полицијата од 69 годишен стружанец, кој нелегално ги поседувал. Од лицето било одземено и оружје за кое имал соодветна дозвола, поради поведување управна постапка, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, вчера во 11 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга од слобода го лишиле Е.Б.(69) од Струга.
- При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се пиштол „Browing“ со калибар 7,65 милиметри и 16 куршуми, кои нелегално ги поседувал. Воедно, поради предвидено поведување управна постапка, одземени се и 164 куршуми, две ловечки пушки, еден пиштол и едно пневматско оружје, за кои поседувал соодветна дозвола, информира портпаролот Стефан Димоски.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена пријава по член 396 од кривичниот законик „недозволено изработување, држење и тргување со оружје, муниција или распрскувачки материи“.
Ново на Сител
-
Изгаснат пожарот кај Мршевци, активен е еден во Велешко, а четири се под контрола
-
Седници на четири собраниски комисии
-
Соработка на МОН и Бреинстер за воведување вештачка интелигенција во средното образование
-
Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп
-
Лами: Преку ново стратешко партнерство, ја зајакнуваме соработката со Северна Македонија
-
Сончево и посвежо, од сабота пораст на температурите
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице