Loading Video...
Ракомет
18. February 2022 - 11:34

Нема одмор за вардарци, вечерва гостуваат кај Нексе во дуел од СЕХА лигата

Нема време за одмор за ракометарите на Вардар кои вечерва гостуваат кај Нексе во дуел од СЕХА лигата
 
Откако пред три дена во Франција го одиграа дуелот со Монпелје во рамките од Лигата на шампионите, вечерва ракометарите на Вардар ги очекува нов натпревар. 
 
Овојпат во рамките од регионалната СЕХА лига, вардарци гостуваат во Хрватска кај тимот на Нексе. 
 
Хрватскиот тим ја искористи кризата на црвено-црните и на самиот старт на новата сезона забечежа победа во меѓусебниот меч одигран во Скопје и тоа со гол разлика 25-24. 
 
Но. По победата над Монпелје, особено со прикажаната игра, вардарци сега со зголемена самодоверба ќе атакуваат на победа сакајќи да му се реваншираат на хрватскиот ривал. 
 
Дуелот меѓу Нексе и Вардар ќе започне во терминот од 20 часот.