Ненад Савески ја презема функцијата државен јавен обвинител
Ненад Савески и официјално од денеска е новиот државен јавен обвинител. Со положената заклетва пред собранискиот спикер, стапува на функцијата како деветти републички обвинител во историјата на Македонија. Најави жестока борба со корупцијата и криминалот, модернизирање и дигитализација на обвинителскиот систем, но очекува поголема финансиска поддршка.
Немал политички товар што само мнозинството во парламентот му даде поддршка за функцијата. Вети дека нема да има приоритетни случаи, за секој ќе се постапува еднакво.
Со презамањето на позицијата предметите во кој Савески е главен судија, ќе бидат распределени кај други судии, а случаите ќе се вратат на почеток. Во моментов од високопрофилните случаи во кој тој постапува е повтореното судење поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. Како втор судија е дел и од случајот со Раде Трајковски Штекли.
На функцијата државен обвинител доаѓа од позицијата судија во Кривичниот суд Скопје каде работи од 2016-та, а претходно работел и како јавен обвинител.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
