Македонија
25. October 2026 - 19:50
Неопходно е да се подигне свеста кај граѓаните за заштита на природата
Неконтролираната урбанизација, несоодветното управување со отпадот, загадувањето на водените ресурси, уништувањето на шумите и трската oстануваат само дел од еколошките предизвици со кои се соочува земјава.
Од македонското еколошко друштво посочуваат дека алармот одамна е вклучен и мора нешто да се преземе за да се заштити најважниот еко систем во државата.
И охридско -струшкиот регион е пред сериозен ризик од деградација, што директно го загрозува и статусот на заштитено светско природно и културно наследство под УНЕСКО.
Добрите познавачи велат дека неопходно е да се подигне свеста и разбирањето за сложените еколошки прашања со што ќе се зајакне улогата на граѓаните и организациите во зачувувањето на животната средина.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
