Нешто помалку од 1.600 хектари изгореле во пожарот во близина на Атина
Во пожарот во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина што избувна во петокот, а едно лице го изгуби животот, изгорела површина од 1.580 хектари според податоците од службата Коперникус на Европската Унија, јави дописничката на МИА од Атина.
Најголем дел од изгорената површина е простор со трева и грмушки, околу 1.100 хектари, а 250 хектари е земјоделска површина.
Пожарот беше во непосредна близина на Националниот парк Сунио, меѓутоа пожарникарите успеаја да ги ограничат огнените јазици да не се прошират кон паркот.
Поради силниот ветер што достигна и до 90 километри на час, пожарот што избувна во петокот околу 14 часот, брзо се прошири на голема површина, а беа евакуирани жителите на низа населени места што се во близина, како и еден Дом за стари лица, додека пак вчера, нешто помалку од 24 часа подоцна беше целосно изгасен.
МИА
Ново на Сител
-
Орбан: Украинците ја загубија војната, Русија победи, единственото прашање е кога Западот ќе го признае тоа
-
Приведен 55-годишен скопјанец, со камења фрлал по хеликоптер додека полнел вода за гасење пожар
-
ЦУК: Активни три пожари на отворено од 33 изминатото деноноќие
-
Собраниската Комисија за изборите и именувањата ќе формира Комисија за селекција на кандидати за претседател на ДКСК
-
Трамп денеска ќе разговара со Зеленски
-
Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор
-
Стејт департментот го осуди влошувањето на човековите права во Европа
-
Франција, Германија и Велика Британија подготвени повторно да воведат санкции кон Иран