Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“

- Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „антисемитски диктатор“.
- Ердоган е антисемитски диктатор кој ги масакрира Курдите, кој изрази поддршка за масакрот на терористичката организација Хамас и кој го угнетува сопствениот народ, соопшти канцеларијата на Нетанјаху.
Во соопштението се наведува и дека Израел ќе дејствува против „обидите на Турција да го дестабилизира регионот“.
Ваквата реакција на Израел следува по денешната објава дека Турција започнала постапка за поднесување барање до Интерпол за издавање црвена потерница за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и уште неколку лица, одговорни за пресретнувањето на хуманитарната флотила „Глобал Сумуд“.
Како што објави турскиот провладини весник „Јени Шафак“, барањето за меѓународно апсење веќе е доставено до турското Министерство за надворешни работи, кое треба да ја спроведе процедурата пред Интерпол. Покрај Нетанјаху, за истиот инцидент Анкара бара потерница и за израелскиот државјанин Афек Москович.
Турскиот министер за правда Акин Ѓурлек во објава на социјалната мрежа „Икс“ посочи дека барањето за црвена потерница е поднесено во согласност со налозите за апсење што турските власти ги издадоа на 14 јули годинава. Според него, Нетанјаху и Москович се товарaт за повеќе тешки кривични дела, меѓу кои „геноцид“, „злосторства против човештвото“, „мачење“, „намерно нанесување телесни повреди“, „противправно лишување од слобода“, „киднапирање превозни средства“, „тешка кражба“ и „оштетување имот“.
Хуманитарната флотила „Глобал Сумуд“, чија цел беше привлекување на вниманието на јавноста кон хуманитарната криза и пробивање на поморската блокада што ја воведе Израел, беше пресретната од израелските сили во мај годинава, во услови на зголемени тензии околу испораката на помош за Појасот Газа.
МИА
Ново на Сител
-

Два светски рекорди на атлетскиот митинг во Цирих
-

Тројца македонски државјани загинаа, а двајца се тешко повредени во сообраќајна несреќа во Словенија
-

Четири активни пожари, три под контрола, 24 се изгаснати
-

Крводарителска акција во чест на празникот Голема Богородица организира Црвениот крст
-

САД се близу до договор за пристап до венецуелските нафтени резерви
-

Во поплавите во Непал 469 жртви, повеќе од 1.300 лица се водат како исчезнати
-

Успение на Пресвета Богородица: Зошто го барате во гробот, она што беше пренесено на небото
-

Трамп: Путин нема да нападне територија на НАТО
