Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Бајден за помошта за прекин на огнот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одвоено разговараше со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и со претседателот Џо Бајден за да им се заблагодари за нивната помош во обезбедувањето прекин на огнот во Газа и договорот за ослободување заложници во замена за палестинските затвореници, соопшти неговиот кабинет.
Нетанјаху разговараше со Трамп, а потоа со Бајден вчеравечер, се вели во соопштението.
Нетанјаху му се заблагодари на Трамп, кој требаше да го замени Бајден во понеделникот во Белата куќа, „за неговата помош во унапредувањето на ослободувањето на заложниците и што му помогна на Израел да стави крај на страдањата на десетици заложници и нивните семејства, напиша неговиот кабинет на „X“.
Нетанјаху „го пофали новоизбраниот претседател на САД за неговите забелешки дека САД ќе работат со Израел за да се осигураат дека Газа никогаш нема да биде засолниште за тероризмот“, продолжи неговиот кабинет, додавајќи дека двајцата „одлучиле наскоро да се сретнат во Вашингтон со цел да разговараат за ова и други важни прашања“.
Кабинетот додаде дека израелскиот премиер во разговорот со Бајден „му се заблагодарил за неговата помош во унапредувањето на договорот за заложниците“.
Посредникот Катар рече дека Израел и палестинската милитантна организација Хамас се договориле за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на повеќе заложници во замена за палестински затвореници.
Тој треба да стапи на сила в недела.
Ново на Сител
-

Еден загинат, 16 повредени во инцидент на Парадата на гордоста во Берлин
-

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности на клучката „Момин Поток“
-

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес
-

Сончево и ветровито
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
