Нетанјаху призна дека опаѓа поддршката за Израел во САД, вината ја гледа во социјалните мрежи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху призна дека поддршката за Израел и за неговата влада меѓу американската јавност е намалена, оценувајќи дека главна причина за тоа е влијанието и манипулацијата преку социјалните мрежи, но истовремено порача дека оваа тенденција го загрижува бидејќи двопартиската поддршка од Вашингтон е темел на израелската национална безбедност.
– Постои директна врска меѓу ширењето на социјалните мрежи и падот на поддршката за Израел. Се случи промена поради нивната експанзија и фактот што суверени држави манипулираат преку бот-фарми и други средства – изјави Нетанјаху во интервју за телевизијата Еј-Би-Си њуз. Тој додаде дека го загрижува овој тренд и нагласи: „Сакам Израел да има двопартиска поддршка во САД, бидејќи сметам дека тоа е темел на нашата национална безбедност“.
Признанието на израелскиот премиер доаѓа во време кога последните истражувања покажуваат дека ставовите на американската јавност кон Израел стануваат сè покритични, главно поради воената кампања во Појасот Газа.
Истражувањето на Центарот „Пју“, објавено во јули, покажува дека 42 проценти од Американците во 2026 година имаат негативно мислење за израелскиот народ, во споредба со 28 проценти во 2019 година. Истовремено, позитивното мислење за израелската влада падна од 41 на 32 проценти.
Меѓународниот кривичен суд во ноември 2024 година издаде налози за апсење на Нетанјаху и на тогашниот министер за одбрана Јоав Галант, под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа, каде што од октомври 2023 година загинаа повеќе од 73.000 луѓе. Израел продолжи со воените операции во енклавата и по примирјето постигнато во октомври 2025 година.
МИА
Ново на Сител
-

Израел: Хезболах изврши прв напад со дрон по прекинот на огнот од 19 јуни
-

Кампања на МВР и РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возиш
-

УЕФА ги повика членките на итен состанок, меѓу темите и можен бојкот на Светското првенство
-

Собранието ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија
-

Деветгодишно дете тешко повредено во судир со автомобил додека возело електричен тротинет
-

Им ветил заработка од криптовалути, двајца скопјани измамени за 2,3 милиони денари
-

Герасимовски: Центар со финансиска помош за штетите од невремето, објавен јавен повик
-

Годинава ќе заврши подготовката за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево
