Нетанјаху: Со тотална победа ќе му зададеме фатален удар на Хамас, но и на Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека со „тоталната победа“ на израелската армија во Појасот Газа ќе ѝ биде зададен „фатален удар“ на палестинската исламистичка организација Хамас, но и на Иран и неговите сојузници.
„Апсолутна победа е од суштинско значење затоа што гарантира безбедност за Израел. Целосната победа ќе зададе фатален удар на оската на злото, а тоа се Иран, (либанскиот) Хезболах, (јеменските бунтовници од движењето Хути) и секако Хамас“, истакна Нетанјаху по средбата со претставниците на армијата.ж
Како што соопшти неговиот кабинет, Нетанјаху во Латрун, недалеку од Ерусалим, навел дека Израел е „на пат кон целосна победа“, дека е посветен на тоа и дека „нема да се откаже“.
„Нема да ја завршиме војната без да ја постигнеме целта за тотална победа, која ќе ја врати безбедноста и на југот и на северот“, порачал Нетанјаху.
Додал дека 75 отсто од баталјоните на Хамас се уништени, дека нема „замена за тотална победа“ и дека Израел ја уништува мрежата на тунели на Хамас.
Тој изјавил дека евакуираните Израелци нема да можат да се вратат во своите домови доколку Израел не ја постигне оваа цел и дека „ќе биде само прашање на време кога ќе следи уште еден масакр“.
Ново на Сител
-

17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
-

Серена и Венус Вилијамс ќе играат двојки на Вимблдон
-

Трамп: Русија треба да се согласи на договор со Украина
-

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7
-

Бебе оставено на клупа во парк во Шуто Оризари
-

Работник на гостиварски Комуналец починал откако заглавил во канал за вода
-

Тошковски: Превенцијата на насилството кај младите бара брза реакција, силна координација и активно учество на младите
-

Иран и САД во петок почнуваат нова рунда преговори во Швајцарија за финализирање на договорот
