Нетанјаху: Војната не е завршена, Хамас ќе биде разоружан

Војната не е завршена и Хамас ќе биде разоружан, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во своето обраќање пред Кнесетот.
-Оние кои сакаат да ни наштетат повторно се вооружуваат. Тие не се откажале од својата цел да нè уништат. Хамас ќе биде разоружан. Газа ќе биде демилитаризирана. Тоа ќе се случи или на лесниот или на тешкиот начин. Но, тоа ќе се случи, рече Нетанјаху, пренесе „Тајмс оф Израел“.
Израелскиот премиер во говорот во Кнесетот оцени дека Израел се приближува повеќе од кога било претходно до земјите од регионот и додаде дека јавноста ќе слушне повеќе за тоа.
-Израел е решен да ги спроведе договорите за прекин на огнот во Газа и Либан со „железна тупаница“. Можете да видите што се случува секој ден во Либан, додаде тој.
Нетанјаху изјави дека воениот притисок врз Хамас и операцијата на израелските одбранбени сили во Газа, заедно со дипломатскиот притисок од САД за изолирање на Хамас, им овозможиле на сите живи заложници и на огромното мнозинство од загинатите заложници да се вратат дома.
МИА
Ново на Сител
-

Израелско МЗ: 148 лица хоспитализирани поради повреди од војната во последните 24 часа
-

Хегсет побара од началникот на Генералштабот на американската армија да поднесе оставка
-

Обезбедена поддршка од ОБСЕ за изработка на стратегијата за интеркултурализам и општествена кохезија 2027–2032
-

Велигденски концерт на Македонската филхармонија
-

Кривичен: Намален број на поднесени приговори за „Безбеден град“, од 476 во февруари, на 65 во март
-

На Попова Шапка 77 сантиметри снег
-

Неколкумина повредени во напад врз брз воз во Германија
-

Први во регионот ќе ги исполниме задачите за ЕУ роаминг - најави Андоновски
