Македонија
2. May 2016 - 16:13

Невообичаено мирен Велигден и 1 –ви мај во скопската брза помош и на Клиниката за токсикологија

Со една интервенција на сообраќајка и намален број на повици на 194, невообичаено мирно поминал 1- ви мај и Велигден во скопската Брза помош.

-Невообичаено мирни велигденски празници, без многу итни ургентни интервенции од наша страна. Најверојатно беа дисциплинирани граѓаните и ги почитуваа правилата во соображајот, правилата на консумирање,чување и подготвување на храната, а хронично болните си ја земале редовно својата терапија пропишана од матичните лекари и релативно беше стварно мирен ден за 1-ви мај, изјави прим. д-р Василаки Карабашев, шеф на смена во Брза помош.

Мирно и вчера и денеска е и на Токискологија. Немало ниту еден прејаден.

-Ноќта помина мирно, посебно во однос на труење со алкохол, компликации од прејадување во состојба после постење па и првомајската скара  кое се беше вклучено  во духот на празникот и да се надеваме дека и понатаму ќе заврши празнично во духот на христијанската религија и во умереноста на консумирање на сето она што би го оптеретило нашиот организам, изјави д-р Жанина Переска, дежурен лекар на Клиниката за токсикологија.

Според лекарите можеби вака мирната состојба  во Ургентните центри за продолжениот празник се должи на подиспразнетиот град и честите совети да се јаде и пие умерено.