Николоски: Автопатот Требениште - Струга - Ќафасан ќе се гради, ќе утврдиме во соработка со УНЕСКО по која траса

Изградбата на автопатот Требениште - Ќафасан не е довeденa во прашање. Во соработка со УНЕСКО ќе се утврди неговата траса, вели министерот за транспорт Александар Николоски.
Според него, УНЕСКО вели оваа траса е проблематична, но ќе се види финално што ќе кажат крај на јуни, почеток на јули. Како што информираат од Министерството за транспорт, Николовски нагласува дека ќе се направат сите напори да се покаже дека трасата е добра.
-Ние ќе се бориме да ја одбраниме трасата и велиме дека е добра. И на крај ќе пресечеме крај на јуни, почеток на јули. Ако нашите аргументи победат, ќе градиме по таа траса. Ако нашите аргументи не победат, ќе градиме по траса која што е малку подолу. Но, повторувам, не е прашањето дали, прашањето е по која траса ќе го гардиме автопатот Требениште - Ќафасан - нагласува вицепремиерот Николоски во поткастот “Риштази”.
МИА
Ново на Сител
-

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
