Николоски: Целосна реконструкција на патот Валандово-Струмица, следната година активности за патот кон Дојран

- Се планира целосна реконструкција на регионалниот пат Валандово-Струмица. Се работи за пат којшто оди преку Валандовско Брдо. А имајќи предвид дека теренот е комплициран, ние утврдивме дека патот е оштетен. Тоа е магистрален пат којшто спојува две општини, Струмица со Валандово – изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Валандово.
- Имајќи предвид дека постојниот пат е во лоша состојба, екипи на Јавното претпријатие за државни патишта направија увид и ја снимија состојбата. Направивме проект и очекуваме во најскоро време да излезе повикот од Јавното претпријатие за државни патишта, со кој треба да се избере изведувач којшто ќе направи целосна реконструкција на овој пат. Значи планираме целосна реконструкција на патот којшто води од Струмица до Валандово – рече Николоски.
Во однос на тоа дали се планира нешто за патот до Дојран, тој посочи дека веќе е пуштен еден патен правец којшто оди од Богданци, од Понов мост до Гевгелија.
- И сега имаме планови да продолжиме кон Дојран, така што очекувам следната година и тоа да го работиме – истакна Николоски.
Тој по средбата со градоначалникот на Општина Валандово Ѓоко Камчев, рече дека Владата се грижи за секое населено место и ниту едно не е заборавено, од најголемото до најмалото.
Николоски потсети дека Владата има предвидено директна финансиска поддршка околу 100 милиони денари за општината, од коишто 65 милиони денари се директно од буџетот на Министерството за транспорт и некаде дополнителни околу 35 милиони денари преку двата повици коишто ги имаше Владата.
- Само преку овие 65 милиони денари од Министерството за транспорт реализираме навистина голем проект, а тоа е асфалтирање улици. Во село Собри од 650 метри, во село Пирава од 580 метри, во село Брајковци од 774 метри, во село Раброво во должина од 1.230 метри и во село Марвинци каде што сме сега, најдолгата, во должина од 1.560 метри, што сериозно треба да придонесе за подобрување на условите за живот на жителите на сите овие населени места – истакна Николоски.
Тој додаде дека имајќи предвид дека овие населени места се во близина на Коридорот 10, на автопатот којшто води од Куманово, Скопје, Гевгелија, до Солун и Атина, се работи за најживиот и економски најзначајниот автопат, ова ќе значи можност и за искористување на туристичкиот потенцијал на овие места.
Николоски рече дека со градоначалникот веќе зборувале за поголема презентација на Исарот, познатиот Исар Марвинци, којшто може да стане сериозна туристичка атракција.
- Ако на тоа се додадат и мерките за поддршка на земјоделието што ги прави Владата, во комбинирана поддршка на развојот на инфраструктурата и развојот на земјоделството, мислам дека многу можеме да направиме во следниот период – истакна Николоски при посетата на Валандово.
МИА
Ново на Сител
-

САД потрошиле 48,3 милијарди долари за војната во Иран, не се пресметани штетите врз базите
-

Почнува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2027, поднесени над 300 амандмани
-

Николоски во работна посета на Валандово
-

Претпладне дожд, попладне разведрување
-

Србинот Дејан Мијатовиќ нов тренер на МЗТ Скопје
-

Мицкоски од Берлин: Македонија активно учествува во разговорите за глобалната безбедност и предизвиците во светот
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите од новоименуваниот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија Ибрахим Ал-Мади
-

Директорот на Мајкрософт: Вештачката интелегенција би можела да предизвика бројни проблеми
