Николоски: Државната статистика потврди голем раст на превезена стока во товарниот сообраќај

Државната статистика потврди голем раст на превезена стока во товарниот сообраќај, што е силен поттик за економијата и за нови работни места, порача денеска вицепремерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
- Вкупнато количество превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот кварат од 2025 година е за 66,7 проценти зголемено во споредба со истиот период 2024 година - покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Државната статистика забележува и зголемување на карго-превозот преку авиосообраќајот, и тоа за 23,7 проценти во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година. Единствено се забележува намалување на железничкиот превоз за 13,4 проценти и тоа се должи на почнатите инфраструктурни проекти на железничката мрежа по должината на Коридорот 10 - посочи Николоски.
Во истиот пресметковен период, додаде, во патничкиот транспорт превезени се вкупно 925 илјади патници, а во воздухопловниот превоз регистрирани се 889.153 патници, што покажува засилен раст како резултат на политиките за финансиска поддршка, што ги спроведува Министерството за транспорт за воведување нови авиолинии.
- Најмногу од патниците во делот на авиосообраќајот се превезени преку редовни авиолинии, а раст се забележува и кај чартер-летовите. Единствено намалување во четвриот квартал од 2025 година има во железничкиот превоз на патници, и тоа, според статистиката, превезени се 34 илјади патници - истакна вицепремиерот Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

Кремљ: Оставката на Стармер веројатно нема да го промени непријателскиот став на Велика Британија кон Русија
-

Цената на бензините се намалува 3,5 и 4 денари, на дизелот за 7 денари
-

Топло и нестабилно време, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер
-

РК Вардар по четири години се враќа во Лигата на шампиони
-

Мбапе за неговиот 100. настап за Франција: Ништо не е поважно од националниот тим
-

Мицкоски: Очекувам бензините да поевтинат за 2,5 до 3 денари, а дизелот за 7
-

Мицкоски: Цените на основните прехранбени производи треба да се намалат, оправдување и изговори не прифаќам, во спротивно ќе преземеме мерки
-

Во Иран измерени речиси 50 степени, минус 70 степени на Антарктикот
