Николоски: Градежништвото повторно со двоцифрен раст

Градежништвото повторно со двоцифрен раст, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил и додаде дека има силна динамика во изградба на капиталните проекти.

- Раст од 14,6 отсто бележиме во време кога ги градиме капиталните проекти, автопатите, железницата, регионалните и локални патишта и голем број комунални проекти. Двоцифрена стапка на раст од 14,6 отсто во Градежниот сектор има во четвртиот квартал од 2025 година што само ја потврдува нашата силна заложба и посветеност во реализација на капиталните проекти. Особено ме радува фактот што градежништвото е во континуиран пораст и тоа во 2025 година во третиот квартал имавме 21 отсто раст, а четвртиот квартал од бележиме 14,6 отсто раст (и покрај зимскиот период каде поради природните услови градежните активности се намалуваат), напиша Николоски.
Македонија, како што посочува вицепремиерот во објавата, е меѓу земјите со најголем раст на БДП, каде градежништвото повторно има двоцифрена стапка на раст.
- Во четвртиот квартал БДП порасна за 3,8 отсто што е најдобар показател за успешните политики што ги спроведуваме. Македонија се гради и се развива - следуваат нови инфраструктурни проекти, објави вицепремиерот Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

Во Министерството за политички систем се земало плата, а не се одело на работа
-

Политички препукувања за трагедијата во Карпош, други двајца повикани во станица дека ги нападнале сопругите
-

Меџити: Вреди ќе стане партија за 2 недели
-

Владин авион утре ќе евакуира 6 лица од Египет – досега 632 Македонци побарале евакуација
-

Преглед на вестите од светот
-

Додека светот стравува од инфлација, власта уверува – состојбата не е загрижувачка
-

Светски технолошки конгрес
-

Уставен со пренос и без пренос на седници
