Николоски: Инвестираме околу 11 милиони евра во проекти да обезбедиме повеќе можности за жителите на Карпош

Владата инвестира околу 11 милиони евра во проекти за да обезбеди повеќе можности за жителите на Карпош, истакнал вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски по средбата со градоначалникот на oпштина Карпош, Сотир Лукровски, на која разговарале за реализацијата на капиталните проекти што се спроведуваат преку Владата, а во соработка со Општината.
- Преку двата повици што веќе се активни, поддршката за Општина Карпош од страна на Владата е околу 11 милиони евра, од кои директно преку Министерството за транспорт се реализираат околу 5,5 милиони евра. Нема дел од општината каде што не работиме, каде што не решаваме инфраструктурни проблеми и продолжуваме да го правиме тоа во следниот период, нагласил Николоски.
Како што соопшти Министерството за транспорт, вицепремиерот најавил и нова соработка и поддршка за општина Карпош.
- Се договоривме за еден нов инвестициски циклус каде што ќе помогнеме во реализација на плоштади, во реализација на улици, атмосферска канализација, фекална канализација и уредување на просторот таму каде што е најпотребно во општината. Исто така, како што кажа градоначалникот, зборувавме за решение на свлечиштата, особено во делот кој што гравитира кон населбите Козле, понатаму Трнодол, Жданец, да се санира целиот тој простор, посочил Николоски.

На состанокот се разговарало и за паркинг местата како еден од предизвиците на општината.
- Во следниот период еден од главните предизвици е решавање на проблемот со паркирањето, особено во делот на населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3 и Карпош 4. Тука работиме заедно со Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, на изнаоѓање на едно интегрирано решение кое што треба да значи решение на проблемот со паркинг преку изведба на катни гаражи кои што ќе бидат достапни за граѓаните, исто така подземно паркирање, подземни катни гаражи кои што ќе значат од една страна зеленило, паркови, а од друга страна решавање на проблемот со паркирање, изјавил Николоски.
Вицепремиерот додал дека овие проекти ги работат заедно со општината и со Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.
- Онаму каде што има потреба или проектите веќе се при крај ќе влеземе во реализација, на другите места работиме на изработка на проекти и очекувам во следните две до три години целокупниот проблем со паркирање во Општина Карпош да биде решен на овој начин, додал вицепремиерот Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

„Џејмс Бонд“ оди на аукција
-

На бегалката Ива Михаилова ќе ѝ се суди во отсуство
-

Во Србија вечерва почнува изборен молк
-

Неверојатни снимки од пештерата Врело на Матка, на 338 метри под вода – нуркачот открива дека пештерата продолжува уште подлабоко
-

Утре нема да работат шалтерите за наплата и рекламации на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје
-

Земале брзи кредити со туѓи податоци и направиле штета од над 12 милиони - Кривична за две кумановки и петмина банкари
-

РСБСП со апел до возачите за внимателно и безбедно возење за пpодолжениот викенд
-

Цените на нафтата пораснаа поради новите напади на Хутите врз Саудиска Арабија
