Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до четири милиони патници

Македонскиот авиосообраќај бележи значителен раст, а бројот на патници кои ги користат Скопскиот и Охридскиот аеродром за само две години е двојно зголемен. Од околу два милиони патници годишно, колку што опслужуваа двата аеродроми во периодот кога беше избрана оваа Влада, годинава се очекува бројката да надмине или да биде блиску четири милиони, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
- Кога ние бевме избрани, пред само две години, некаде околу два милиони патници имаа двата аеродроми, оваа година ќе поминеме ќетири. Тоа е резултат на една исклучително мудра политика која што ја водиме, не само на субвенционирање, туку на генерално на начин на работа на двата аеродроми. Се вложи многу, во моментов многу вложуваме на охридскиот аеродром, за многу брзо време ќе има многу убави вести. Така што, ако нешто ми дава уште поголема мотивација да работам, тоа е развојот на авио сообраќајот, посочи Николоски во гостување на ТВ Сител.
Тој потенцираше дека ваквиот начин на работа и менаџирање со аеродромите, беше препознаен и од ЕВРОКОНТОЛ, при што регионалниот состанок за Југоисточна Европа се одржа токму во Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Што значи победата на АФД на покраинските избори во Германија
-

Ново рочиште за „Лотарија“ – Груби на обвинителната клупа
-

Скопје подготвено за Дејвид Гета
-

Чествување на 8 Септември во кабинетот на претседателката
-

Се намалува бројот на вакцинирани деца во Прилеп, постои опасност од враќање на веќе искоренети болести
-

Пастрмајлијада 2026: Два дена, две локации, еден бренд
-

28 пожари на отворен простор, 11 се уште активни
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
