Македонија
11. December 2025 - 16:41

Николоски најави нов експресен пат за поврзување на Коридор 10 со бугарскиот Коридор Струма

Поврзување на Коридорот 10 со бугарскиот Коридор Струма преку нов експресен пат најави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, за време на неговата денешна посета на Струмица.

Тој информираше дека проектот, кој треба да минува од Смоквица преку Валандово и Струмица до Ново Село и државната граница со Бугарија, веќе е во напредна фаза  со целосно завршена една траса, а втората при крај.

Паралелно се работи и на обезбедување на потребното финансирање за реализација на овој стратешки инфраструктурен проект.