Македонија
7. August 2025 - 20:37

Николоски: Новата авиолинија Скопје - Келн значи многу за развојот на туризмот, економијата и бизнисот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николски денеска објави дека авиокомпанијата „Wizz Air“ почна со продажба на билети за новата авиолинија Скопје - Келн.

- Оваа авиолинија значи многу за развојот на туризмот, за нашата дијаспора и за развој на економијата и бизнисот. Продолжуваме да го развиваме авиосообраќајот во Македонија, напиша Николоски на Фејсбук.