Николоски од Росоман : Проширување на патот што го поврзува Росоман со новиот експресен пат, изградба на влезот во Сирково, поддршка за земјоделците

Проширување на патот што го поврзува Росоман со новиот експресен пат, изградба на влезот во Сирково од страна на новиот експресен пат, поддршка за земјоделците. За сево ова говореше вечерва на мини митинг во Росоман, потпретседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Александар Николоски.
Тој истакна дека резултатот во првиот изборен круг бил одличен, како и дека на 2 ноември ќе се слави голема победа, а Ѓорѓи ќе биде новиот градоначалник на Росоман. Според него, резултатот во првиот круг покажал, дека во Росоман по осум години ќе се случи промена.
- Покажа дека по претходните седум години владеење на СДСМ и ДУИ и овие осум години владеење тука во општината, ќе се случат промените. Росоман ќе се приклучи на големиот бран што се случува низ цела Македонија и ќе имаме градоначалник предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Би сакал да ви честитам на сите на резултатот, заеднички ќе работат кон реализација на бројни проекти што заедно со идниот градоначалник веќе Владата ги договори и ќе се реализираат тука. Ќе почнеме од она што претходниот градоначалник го имаше на располагање, а не сакаше да го реализира, тоа се некаде над петстотини илјади евра што веднаш ќе почнат да се реализираат во регионални и локални улици, што ќе почнат да се работат, подвлече Николоски.
Тој го нагласи проектот за проширување на патот што го поврзува Росоман со новиот експресен пат, како и изградбата на влезот во село Сирково од страна на новиот експресен пат.
- Тука е поддршката за земјоделците, нешто што ни е исклучително значајно, нагласи Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ќе бидат обесштетени сите земјоделци кои претрпеле штети врз земјоделските имоти од лоши временски услови.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
