Николоски: Продолжува поддршката за Општина Струга, заеднички работиме на големи инфраструктурни проекти

Во двата повика од Министерството за транспорт Општина Струга за неполни две години доби 5,6 милиони евра за реализација на капитални инвестиции. Поддршката продолжува, заеднички работиме на големи инфраструктурни проекти, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој имаше работен состанок со градоначалникот Менди Ќура и увидот на градежните работи на булаверот „Туристичка“.
Николоски и Ќура на состанокот ги утврдиле приоритетите за следниот период.
-Преку Министерството за транспорт се градат булаверот „Туристичка“ вреден 175 милиони денари и улицата „Источноколекторска“ која се спојува со „Туристичка“, а во соработка со Светска банка имаме проект кај Езерски лозја што се финализира и за кој денеска добивме уверување од изведувачот дека до крајот на следната недела работите ќе бидат завршени во целост и ќе моеж да биде пуштен во употреба, истакна Николоски.
Со поддршка на Владата, преку МЖСПП, додаде, се работат и неколку канализациски системи.
-Се работи канализацискиот систем во Враништа, мрежа од околу седум километри, но ќе видиме дали ќе можеме да додадеме ушѓте еден километар мрежа. Зборувавме и за нов проект - колекторот да продолжи до магистралниот пат од Струга до Охрид и кај Мислешево да се направи уште еден кружен. Ќе продолжиме да ја поддржуваме општината и заеднички да работиме на големи инфраструктурни проекти, потенцира вицепремиерот и министер Александар Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: Досега нема пријава за пожар на Водно, чадот над Скопје е од пожарот на Китка
-

Вонредна дератизација на критични локации во Центар
-

Пожарникарите спасија мало теле на Китка
-

Горивата поскапуваат од 1,5 до 3,5 денари за литар
-

Во октомври се очекува да биде ставен во функција патот од Извор до Врбјани
-

Свечено отворено Светското јуниорско првенство во параглајдинг Крушево 2026
-

Победниците на УС опен 2026 ќе добијат по 5,5 милиони долари
-

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер
