Николоски: Ветивме дека Градскиот воз ќе почне на 1 септември и така се случи

Ова е почеток на реализација на една визија што треба да значи далеку поефикасен јавен превоз, поголема заштита на животната средина, намалување на загадувањето и поголема мобилност на жителите на Градот Скопје и сите општини што гравитираат околу него, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски откако со Градскиот воз, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, раководствата на железничките претпријатија „Транспорт“ и „Инфраструктура“ и нивни вработени, придружувани од медиуми, пристигна во Скопје од железничката станица во Зелениково.
Со симобличното возење беше означено пуштањето на првата фаза од Градскиот воз, чија реализација, како што напомена Николоски, е доказ дека кога се има јасен план, концепт и визија, може да се рализираат проекти.
- Ова е доказ дека она што до пред две години се сметаше за заборавено и напуштено, а тоа е железничкиот превоз, повторно се враќа во живот. Ако до пред две години имавме целосно напуштени пруги, затворени железнички станици кои се распаѓаат, нефукнционални возови и локомотиви, денес имаме јасен и активен карго превоз, а од вчера имаме и Градски воз. Ветивме дека ќе почне на 1 септември и така се случи. Се надевам дека Градскиот воз ќе им помогне многу и на учениците и на средноколците, и на луѓето кои сакаат да дојдат до своите работни места и на пензионерите, истакна министерот.
Според директорoт на ЈП „МЖ Инфраструктура“ - Синиша Ивановски, денешното симоблично возење со Градскиот воз ја отсликува детерминираноста на Владата да иневстира во обновување на железничката мрежа.
- Од Зелениково до Скопје сега има 25 километри реконструирана железничка мрежа. На оваа фаза имаше бетонски прагови од 1959 - 1963 година, состојбата на пругата беше крајно незавидна и поради тоа бавно се возеше, дури и со само 20 километри. Во овој момент возовите без никаков проблем гравитираат со брзина од 80 километри на час, а некаде и со 100 километри на час, се стигнува од Скопје до Зелениково за неполни 25 минути. Од Центар до Зелениково има повеќе станици и постројки. Има и 11 патни премини, а на секоја станица ќе има и паркиралишта за велосипеди, потенцира Ивановски.
Тој апелира јавноста да се однесува внимателно и да ја почитува сигнализацијата на патните премини.
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски изрази надеж дека со иста динамика и волку брзо темпо ќе се реализираат и наредите две фази за поефикасен транспорт во градот.
- Ова е една од алтернативите во транспортот која треба граѓаните да ги извади од автомобилите. Втората фаза е модернизацијата на ЈСП Скопје за која е веќе завршена постапката и потпишан е договорот. За многу скоро ќе стигнат новите 100 автобуси. Третата фаза е реализација на проектот БРТ и таму е финиширано се. Во наредните 10 дена ќе се распише тендерот за избор на оператор. Брзо се движиме, брзо се модернизираме и како Град Скопје имаме силна поддршка од Владата, подвлеќе Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп предложи Ормуската Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“
-

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
-

Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот во Лајпциг е уште една голема грешка на Берлин
-

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов, татко на Ива Михаилова
-

Вооружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети
-

Македонската химна одекна во Таранто – Белистојановски го донесе првото злато за Македонија
-

Тетово: Му побарале да плати за медицинска услуга во болница, па искршил шалтер и нападнал полицаец
-

Анкета: Европејците најмногу ги мачат здравствените и финансиските проблеми
