Николоски: ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи, Филипче да поднесе оставка

Лидерот на СДСМ Венко Филипче треба да поднесе оставка по резултатите од локалните избори, на кои катастрофално изгуби и ДУИ, оцени денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
- Македонија е обоена во црвено, ВМРО-ДПМНЕ ја има убедливо најголемата победа. Во вториот круг очекуваме уште една победа и работа, рече Николоски на партиска прес-конференција.
Убеден е дека Скопје ќе го направи вистинскиот избор и оти кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски ќе биде идниот градоначалник.
-Орце води 1:3, истакна Николоски.
Во однос на противкандидатот за град Скопје, Амер Мециновиќ од Левица, посочи дека „сме партнери со САД и НАТО“ и оти тоа е една од причините зошто напредуваме.
Ја потенцираше, како што рече, убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ во бастионот на СДСМ во Струмица и посочи дека оставката од Филипче треба да следува како морален чин.
Николоски смета дека во вториот изборен круг во општина Карпош граѓаните нема да гласаат за Стевчо Јакимовски, кој е противкандидат на Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ.
- СДСМ и ДУИ во наредниот период ќе се занимаваат сами со себе, оцени Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

ЕП: Почитувањето на демократијата, владеењето на правото и дијалогот се од суштинско значење за европската иднина на Србија
-

„Ер Франс“ привремено ги откажа летовите до Дубаи поради ситуацијата на Блискиот Исток
-

Божиновска: Жените се неискористениот интелектуален мотор на енергетиката
-

МВР утре во Куманово и Тетово ќе ги тестира камерите за проектот „Безбеден град“
-

Уставниот суд поведе постапка за забраната на извршување врз предмети и права на државни органи
-

Системот „Безбеден град“ утре ќе се тестира во Тетово
-

МФ: „Стандард и Пурс“ го потврдија кредитниот рејтинг ‘ББ-, силен сигнал за доверба во економските политики, растот и фискалната стабилност
-

Филков: Се уште немаме номинации од Собрание за работната група за Изборниот законик
