Македонија
3. March 2022 - 16:39

Ниту една препорака на Комисијата за заразни не е усвоена од Владата

Опструкции, пропуст или административни процедури се причините што повеќе од месец дена не заседавал Главниот координативен кризен штаб и не е усвоена ниту една препорака од Комисијата за заразни болести. 

Сите предлози на проширеното советодавно тело на министерот за здравство засега тапкаат во место бидејќи нема владина одлука за да стапат на сила.

Продолжување на сертификатот за прележаност на 180 дена, укинување на задолжителните сертификати и негативен ПЦР за излез од земјата, враќањето на бремените жени на работа, препораката и студентите да посетуваат предавања со физичко присуство но и вчерашните одлуки на Комисијата се само на хартија се додека не добијат зелено светло од министрите.

Од Владата добивме краток одговор дека кризниот штаб закажал седница за утре, за разлика, пак, од изминатите две години кога секогаш заседавале секој понеделник во неделата. 

И од Комисијата незнаат зошто досега непоминале нивните препораки, но сметаат дека не станува збор за блокада на нивната работа.

-Еве да речеме поусложнет пат или администеативна некоја работа и очекуваме многу брзо сите заклучоци да бидат усвоени, изјави Александар Петличковски, претседател на Комисија за заразни болести. 

Иако во Кризниот штаб членува и министерот Беким Сали, од  здравство со став дека причините се технички. 

-Станува збор за административна постапка, која е во тек и во најбрз можен рок препораките од Комисијата за заразни болести ќе се финализираат преку владина процедура, ни одговорија од МЗ.

На социјалните мрежи веќе реагираат студенти кои се уште се онлајн а со прашалници се многумина кои прележале ковид и незнаат дали сертификатот им важи 45 или 180 дена.

Во претходниот мандат на Владата речиси секогаш препорака на Комисијата за заразни болести веднаш се разгледувала на кризен штаб, без разлика на исходот дали ке биде целосно прифатена или надополнета.