Нивото на водата во Охридското Езеро 15 сантимери над месечниот просек

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,5 метри надморска височина. Тоа е за 15 сантиметри над просекот за јануари утврден на 693,35 метри надморска височина или 40 сантиметри над дозволениот минимум ( 693,1).
Водостојот на Охридското Езеро денеска е забележително повисок од вообичаеното за овој период од годината, покажуваат најновите податоци на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според официјалните мерења, нивото на водата изнесува 693,51 метри надморска височина, што е за 16 сантиметри над јануарскиот просек, кој изнесува 693,35 метри. Истовремено, водостојот е и 41 сантиметар над дозволениот минимум.
Податоците од неделната анализа покажуваат дека нивото на езерото е во постепен пораст – од 693,48 метри на почетокот на неделата, до денешните 693,51 метри надморска височина, што значи зголемување од три сантиметри за само неколку дена.
Температурата на водата денеска изнесува 6 степени Целзиусови, што е во рамките на просекот за месец јануари, кој изнесува 6,8 степени.
Иако состојбата засега не е алармантна, експертите внимателно го следат нивото на водата, особено во контекст на зимските врнежи и климатските промени кои сè почесто влијаат врз хидролошката состојба на Охридското Езеро.
МИА
Ново на Сител
-

Втора победа на македонските ракометари на Европското кадетско првенство
-

Дали и вие имате чувство дека сте магнет за комарци? Не е случајност – ова е причината
-

Скопје и Гевгелија од денеска домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години
-

Успешен старт на Ѓорческа во Лајпциг
-

Се скарале на работа: Ром пријавил претпоставен Албанец за „Циган“, тој му возвратил со „Шиптар“, но не го пријавил
-

Формиран женски фудбалски клуб Пелистер – Битола
-

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид
-

Американските градови домаќини на СП 2026 ги бараат ветените исплати од ФИФА
