Низок ризик од појава и ширење на хантавирус во државата, велат од Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести одржа седница со цел разгледување на состојбата со појавата на кластер со хантавирус – андес варијанта во светски рамки и оцени дека во нашата држава е низок ризикот од појава и ширење на вирусот. Здравствениот систем е подготвен за справување со евентуална појава на инфекцијата, соопшти Министерството за здравство.
Институтот за јавно здравје, како што се посочува, располага со реагенси за лабораториско докажување на вирусот, како и со стандардни оперативни процедури за дијагностика на овој вирус.
-Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби располага со соодветни капацитети за третман на евентуални пациенти со симптоматологија карактеристична за инфекција со хантавирус – андес варијанта, односно има соодветни услови за интензивна нега, механичка вентилација и респираторна поддршка, се наведува во соопштението.
Комисијата додава дека андес варијантата, за разлика од останатите варијанти на хантавирусот, има можност за пренос од човек на човек при подолг и близок контакт, но важно е, се нагласиува, дека преносот не е брз и лесен како кај коронавирусните инфекции, стои во соопштението од Министерството.
МИА
Ново на Сител
-

Околу 1300 интервенции на спасителите на вода ова лето
-

ИПР бара трајно решение за кучињата скитници
-

Преглед на вестите од светот
-

Панел дискусија „Повеќе учество - повеќе демократија“
-

Teма на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

Притвор за лице кое се заканувало на премиерот
-

Писмена гаранција од сопственикот на „Пулс“
-

Одложено судењето за полицајците од „Пулс“
