Loading Video...
Кошарка
20. April 2022 - 12:11

Њу Орлеанс на гости го изненади Феникс

Во НБА плејофот, ноќеска на програмата беа три дуели од првата, четвртфинална рунда по конференциите на кои две победи остварија домашните екипи. 
 
Големо изненадување приреди Њу Орлеанс кој ја забелеќа единтвената гостинска победа и тоа на теренот на најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната Феникс кој го совлада со 125-114 за израмнување на резултатот на 1-1 во меѓусебните дуели. 
 
Затоа пак Мајами и Менфис не дозволија изненадувања. 
 
„Хитси“ до вториот триумф во дуелите со Атланта стигнаа со победата од 115-105, додека Мемфис ја победи Минесота со 124-96 за водство од 2-0 во серијата подобар до четири победи.