Македонија
30. јуни 2017 - 18:52

Колку „тежи“ новата влада - Заев нема куќа, Анѓушев има 28 милиони евра

Вечерва на полноќ на новите членови на владиниот кабинет им истекува законскиот рок за отворање на имотните листови. Државната комисија за спречување на корупција потврдува дека дел од министрите се уште ги немаат доставено своите анкетни листови. До вчера во комисјата пристигнале податоците за имотната состојба на 18 од новите станари на Илинденска бр.2.

Законскиот рок го испочитувал и премиерот Заев. Во неговиот анкетен лист како личен имот го запишал само побарувањетод 4.300.000 денари. Неговата сопруга има само орочен девизен депозит од 7 илјади евра, а децата на банкарските сметки имаат 27 илјади евра.

Како имот на своите родители Заев ги запишал куќата од 400 квадрати во Струмица, стан и деловен простор во Струмица, како и земјоделско земјиште во Муртино. Родителите на премиерот имаат и акции вредни 12 милиони денари.

Новиот министер за економија, Крешник Бектеши во имотниот лист покрај куќата во Кичево го запишал и имото на неговите родители во Приштина, два стана во Албанија и стан во Базел Швајцарија.

Министерот за внатрешни, Оливер Спасовски има куѓа во Куманово од 7 милиони денари, пежо 307 од 2006та и уметничи слики вредни 250.00 денари. Неговите родители пак имаат своја куќа, шума, земјиште, земјоделска механизација.

Министерката за одбрана Шекеринска пријавила личен имот вреден речиси 100 илјади евра, во која вредност е вклучен стан од 50 квадрати, залог и пари на сметки. Дополнително на име на својот сопруг Шекеринска пријавила уште два стана во Скопје и еден во Охрид, како и повеќе сметки во различни банки.

Најбогат во новиот владин кабинет е вице премиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Бизнисменот пред да го предаде во анти корупциска анкетниот лист го презентрираше пред новинарите.

Како дете на двајца стечајни работници Кочо Анѓушев е горд што успеажл сам да заработи над 27 милиони евра. Во анкетниот лист се запишани две куѓи, една во Скопје, една на Халкиди во Грција. Има и шест стана, дел на негово дел на име на сопсругата но сите во Скопје. Кочо Анѓушев пријавил и возило Масерати, Поршѓе Кајен и Мини Кантримен на име на неговата соруга. На својата рака вице премиерот на својата рака носи часовниоци од марките Ролекс, Омега, Картие и Лонжи вредни 2 и пол милиони денари.

Во имотниот лист Анѓушев запишал и неколку деловни простори, златен накит, уметнички дела, но и повеќе банкарскли сметки. Тој денеска пред новинарите рече дека нема да ја зема вице премиерската плата од 80.000 денари. Одлучил половина од сумата секој месец да ја дава на четири семејстав од социјален ризик по предлог на државните институции, а останатат половина на студенти од техничките струки.