Македонија
10. July 2017 - 16:37

Голема полициска акција во неколку градови - МВР бара криумчари на мигранти

МВР и обвинителството за организиран криминал во акција за апсење на кримучарите на мигранти. Во текот на ноќта и денеска полицијата ги реализира наредбите за приведување на осомничените, за кои во соработка со обвинителство биле обезбедни докази. Од полицијата не откривгаат детали. По неколкуте написи преку јавно соопштенија само ја потврдија акцијата.

-Министерството за внатрешни работи во соработка со Одделението за организиран криминал на Јавното обвинителство во рамки на спречувањето на криумчарењето мигранти на територијата на Република Македонија, во моментов спроведува обемна акција на повеќе локации низ земјава за откривање и сузбивање на криминални групи и илегални мигранти. По завршувањето на оперативните активности, МВР детално ќе ја информира јавноста за  резултатите oд акцијата, се вели во соопштението.

Во акцијата за апсење на криумчарите на мигранти, според неофицијалните информации полициските специјалци од изминатата ноќ се во проверка на теренот во скопско Арачиново.

По затворањето на балканската бегалска рурта во март минатата година расте бројот на криумчари, кои за големи суми на пари им ветуваат транзит до посакуваната дестинација во Европа. Но, не ретко бегалците од Сирија, Ирак, Авганистан но и од африканските земји завршуваат без пари и оставени на сред пат. Голем дел од нив се мета на грабежи поради парите кои ги носат со нив, за што често се тепани.

На крајот на минатиот месец собранието ја продолжи кризната состојба на јужната и северната граница до 31 декември, поради зголемениот број на илегален влез и транзит на мигранти низ Македонија. Министерот за внатрешни во обраќањето пред пратениците порача дека состојбата на јужната граница е серизона и дека бегалската криза може да ексалира во секој момент.