Македонија
28. July 2017 - 16:23

Бугарската БТВ со серијал за наводниот фалсификат на историјата кој го прави Македонија

Под работното име Лекции од Македонија, бугарската БТВ пред потпишувањето на договорот помеѓу двајцата премиери на јавноста во Бугарија им ја открива како што заклучуваат тие лажната македонска историја. Истражувањето започнува со корените на поетите Никола Вапцаров и Димитар Талев. Со чудење тие тврдат дека Македонија со лажен превод ги присвојувала хероите на мајка Бугарија. Делото Илинден на Талев има поинаков превод во Софија.

Бугарската БТВ покренува акција за создавање на бугарски музеј среде Прилеп. Иако тврдат дека не е македонец сепак не им пречи да ја земат неговата родна куќа.Трагајки по вистиуната, БТВ ги пренесува и изјавите на синот и внукот на писателот Талев.

За потеклото на Никола Вапцаров во студиото на БТВ говори Маја Вапцарова, внука на Вапцаров.

Екипата на БТВ во Скопје со снимки за кои велат дека се од туристи ја пренесува и сликата од Музејот на македонската револуционерна борба.

Задоеноста како што велат на македонскиот народ ја потврдуваат и сведоштва од улиците во Скопје

На Заев и на Борисов со новиот договор им останува да утврдат кој лаже а кој ја зборува вистината или и двајцата да им забранат на медиумите да пишуваат за историјата на сопствениот народ.