Македонија
31. August 2017 - 17:07

Амбасадорката на Србија се враќа денеска

По дипломатскиот скандал помеѓу Скопје и Белград, српската амбасадорка во Македонија патува кон работното место. Душанка Дивјак Томиќ како што беше најавено на 31 август се враќа во Скопје. На телефонскиот број за информации попладнево од амбасадата на Водно инфомираат дека ја очекуваат да пристегне денеска.

- Ја очекуваме да пристигне денеска. Најточна информација ќе добиете утре, велат од српската амбасада.

Во ист ден со нејзиното враќање во земјава министерот за внатрешни работи, Оливер Споасовски тврди дека управата за безбедност и контраразузнавање нема преземено активности ниту против некоја држава ниту против некоја амбасада во земјава.

- Во овој дел нема апсолутно никакви активности коишто може да ја компромитираат УБК или Министерството за внатрешни работи, вели Спасовски.

Според најавите на срските служби, Душанка Дивјак Томиќ веќе утре ќе побара прием во кабиентот на македонскиот премиер Заев. Дипломатскиот скандал со повлекување на персоналот на српската амбасада од Скопје траеше 48 часа, а двете страни ги смирија тензиуите со повик и за заедничка владина седница и ветување дека двете страни ќе работата на унапредување на односите и решевање на проблемите преку дијалог.