Македонија
11. September 2017 - 16:27

Груевски: Стравувањата на граѓаните од можно населување бегалци се оправдани

Никој не ги знае ветувањата на власта за додворување и населување на бегалците во Македонија, па поради тоа лидерот на ВМРО – ДПМНЕ оценува дека е оправдан стравот кај граѓаните. Тој вели дека сите сочуствуваат со маката на бегалците, но ниту тие не скаат да останат во Македонија. Груевски вели дека шпекулациите дека во земјава ќе бидат доселени 100.000 бегалци ги подгрева податокот што СДСМ овие тврдења ги оправдува само како нереални.

Груевски оценува дека СДСМ во изминатиот период работи само во цел на измама на граѓаните пред изборите за заработка на глас повеќе. Тој вели дека концептот на минимална плата кој го предлагаат е нерелаен и ќе предизвика спортивен ефект.

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ оценува дека ваквите постапки се на штета и на граѓаните и на дрѓавата и навреме ќе бидат прпознати.