Македонија
3. November 2017 - 16:03

Македонското знаме гореше во Косово - доживотен затвор и за последниот терорист од ,,Диво насеље‘‘

Протестите организирани по пресудата за случајорт ,,Диво насеље‘‘ на Косово завршија со палење на Македонското национално знаме.

Во Пеќ од каде потекнува Валдет Зекај еден од осудените на доживотна казна затвор синоќа се скандираа пораки против Македонците. Додека телевизијата  Дукаѓини известуваше во живо насобраната толпа го извади и го запали знамето.

Македонското знаме гореше и пред споменикот на борецот од УЧК Агим Рамадани во Гњилане.

Косовските власти се уште истражуваат што се случуувало и во Печ и во Гнјилане, а информации за реакција по инцидентот засега нема.Од македонското МНР ја осудија постапката и очекуваат одговор од официјалните власти во Приштина.

-Министерството за надворешни работи изразува жалење и осуда на вчерашниот чин на палење на македонското знаме од страна на припадници на навивачки групи во Пеќ и Гњилане, Република Косово. Очекуваме дека надлежните косовски служби ќе преземат активности за утврдување на одговорноста на сторителите, се вели во соопштението од МНР.

По повиците за одговор од семејствата на осудените од Косово реагираа и косовскиот премиер и претседател. И Тачи и Харадинај по примерот на ДУИ бараат меѓународна истрага за случајот која според нив би ја утврдила вистината за настаните од Куманово.

Министерот за правда во Владата на Македонија најави дека таква истрага може да се очекува.Денеска во кривичниот суд во Скопје пак беше изречена уште една казна доживотен затвор за Сулејман Османи на кого му се судеше во одвоена постапка бидејки беше приведен една година подоцна. И тој слично како и останатите од групата реагираше на пресудата во судница. аплаудираше по соопштувањето а пред да замине од судот рече дека ова било пресуда за сите седум милиони Албанци. Бранителот Рауфи и денеска порача дека пресудата е донесена без докази.

чера беше изречена казна доживотен затвор за седуммина од обвинетите, додека четворица беа ослободени поради недиостаток на докази. Останатите беа осудени на кази од 12 до 40 години зад решетки.