ИНЦЕСТ СКАНДАЛ: Мајката се омажила за синот, а потоа се венчала со ќерката

Незапамтен инцест скандал во САД. Според медиумските извештаи, мајката прво се омажила со својот син, а осум години покасно се премажила со својата ќерка.
Ќерката Мисти Велвет Даун Спан (26) се изјаснила како виновна за инцест во вторникот пред судот во државата Оклахома. Таа добила десетгодишна условна казна, додека нејзиниот брак со мајка и е поништен.
Случајот против нејзината мајка и поранешна сопруга Патриција Ан Апан (44) сеуште е во тек, а судењето е закажано за во јануари.
Според извештаите на весниците Tulsa World и Washington Post, двете жени се венчале во март 2016 година. Во август истата година, истражувач на социјалните служби се посомневал и го вклучил алармот. Еден месец покасно, мајката и ќерката биле уапсени и обвинети за инцест.
Во текот на истрагата откриено е дека Патрисија Анн во 2008 година се својот тогаш 18 годишен син Јоди Калвин. Бракот поради инцест бил поништен 15 месеци покасно, но не било покренато никаква постапка.

Мајката, наводно, одамна го изгубила старателството над своите три деца откако ги посвоила нивната баба. Мајката Патрисија Ан изјавила дека со години немала никаков контакт со децата.
На полициското сослушување, ќерката Мисти изјавила дека „привлечноста се родила“ по првото гледање помеѓу неа и мајка и 2014 година.
Патрисија изјавила дека во брак со ќерката влегла за да може да посвои дете.
Јавноста е огорчена од фактот дека Патрисија едноставно ги изиграла законите приложувајки документи пред бракот по кои бабата е биолошка мајка на нејзината ќерка.
Ново на Сител
-

Киев рано утрово повторно цел на руски напади со ракети и дронови
-

Седница на Судски совет, на дневен ред донесување нов Деловник за работа
-

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
-

Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
